Министерството за внатрешни работи врши забрзани подготовки за набавка на нови патни документи на кои ќе стои новото уставно име Република Северна Македонија.
Како што изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, се очекува дека до крајот на оваа година ќе се издадат првите документи со новото уставно име.
- Во меѓувреме, старите патни исправи остануваат на важност до истекот на техничкиот рок утврден со договорот во Преспа, односно 5 години. Тоа значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот ќе добие нов и ќе ја плати редовната цена за добивање на документот.
Новите пасоши кои ќе се издаваат во меѓувреме, додека не стигнат новите со уставното име, ќе важат само пет години колку што е рокот за замена според договорот од Преспа. И ваквата постапка ќе биде на товар на граѓаните.
OhridNews