Бранителот на трофејот во Премиер лигата, Манчестер Сити имаше успешен почеток на новата сезона, откако со 2-0 го совлада Арсенал на „Емирати“ во дербито на колото.

„Граѓаните“ резултатот во дербито го отворија во 14-та минута со погодокот на Рахим Стерлинг. Во 64-та минута гостите од Манчестер го дуплираа водство преку Бернандо Силва. До крајот на мечот ја задржаа предноста и запишаа важни бодови уште на стартот на сезоната.

Дербито ја комплетираше првата рунда во Премиер лигата, а денеска се одиграа уште два натпревари. Ливерпул на домашен терен славеше со 4-0 против Вест Хем, а Саутемтон и Барнли ги поделија бодовите ремизирајќи 0-0.

OhridNews