Во склоп на проектната документација за проектот за “Реконструкција на “Кеј Македонија“ – Охрид“, подготвена е Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти.
Заинтересираните граѓани, правни и физички лица можат да ја погледнат електронската верзија на Студијата на веб страната на општина Охрид, а печатената верзија може да се најде во одделението за заштита и влијание врз животна средина при Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, информира локалната самоуправа.
Сите забелешки и сугестии во однос на содржината на Студијата се добредојдени и истите можете да ги испраќате на e-mail: [email protected] или по пошта на следната адреса општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57,Охрид кои ќе бидат анализирани од консултантскиот тим и надлежните служби во Општината. – соопшти локалната самоуправа.
Студијата ќе биде достапна за разгледување и доставување коментари во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување.