Дел од граѓаните кои се враќаат од странство со контролиран влез во земјата и полициска придружба, ќе бидат во задолжителна изолација во сместувачки капацитети во Охрид, кои се одзвале на повикот на државата.
За таа цел на располагање се ставиле дел од хотелските капацитети на ривиерата, каде се преземаат соодветни мерки за дезинфекција и и безбеден престој на лицата во изолација, согласно протоколите донесени од надлежните институции. Информацијата за OhridNews ја потврдија извори од надлежните институции.
Како што е познато, Владата донесе одлука со која сите граѓани на државата што ќе се вратат од странство мора да минат задолжително 15 дена во изолација на државен трошок. Taa упати повик до хотелиерите да излезат во пресрет за надминување на кризната ситуација, на што се одзвале и сместувачки капацитети од Охрид.
OhridNews