Денешните двојни избори се 24-то изјаснување на граѓаните од осамостојувањето на државата. Ова се 11 парламентарни избори кои се спроведуваат истовремено со вториот круг од седмите претседателски избори.

Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите во 2008, седмите во 2011, осмите во 2014, деветтите во 2016 година, а десеттите во 2020 година.

Покрај парламентарните, беа спроведени и шест претседателски избори – во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година, како и седум локални – во 1990, 1996, 2000, 2005, 2009, 2013 и 2017 година. Граѓаните трипати излегуваа и на референдум, во 1991 година кога се одлучија за самостојна и независна држава, во 2004 година кога се изјаснуваа за новопредложената територијална поделба и во 2018 кога се изјаснуваа за договорот меѓу Македонија и Грција.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати. Вчера, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

OhridNews