Во допис до медиумите наши сограѓани реагираат за сеуште ниската свест кај граѓаните во поглед на одлагањето на отпадот на несоодветни места. Укажуваат на потребата од кампања за подигање на свеста за зачувување на градот чист.

Излеговме на прошетка денес покрај езеро кај болницата „Св. Стефан“ и бевме многу разочарани од тоа што го видовме. Несовесни граѓани оставиле најлони полни со ѓубре кои најверојатно наскоро ќе биде разнесени насекаде од кучињата. Ова е срам за нашиот Охрид и туристите кои ни доаѓаат. Потребна ни е кампања за поттикнување на свеста за чист Охрид, стои во дописот.

Постојани се апелите и од ЈП „Охридски Комуналец“ за соодветно депонирање отпад со оглед дека во повеќе наврати, поготово кога станува збор за зелен и кабаст отпад истиот се депонира на несоодветни места.

Од претпријатието реагираа и пред два дена за неодговорно постапување на поединци со зелениот отпад посочувајќи дека граѓаните треба да се јават на дежурниот телефон за пријавување на проблеми околу собирање на кабаст и зелен отпад тел. 075-495-428.

Н.С.Ј.