Затворањето на конвенцијата на Републиканската партија на која својата програма ја изложи кандидатот за претседател на САД на ноемвриските избори Доналд Трамп, го привлекло вниманието на два милиона телевизиски гледачи повеќеотколку настапот на неговата против кандидатка од Демократската партија, Хилари Клинтон, покажуваат податоците на маркетиншката компанија „Nielsen“, пренесува „Макфакс“.

Според податоците објавени во петокот, во четвртокот завршната вечер на конвенцијата на демократите со говорот на Клинтон ја гледале околу 30 милиони луѓе, а затворањето на републиканската конвенција, која се одржа минатата седмица, пред телевизиските екрани собрало 32,2 милиони гледачи.

Притоа гледачите на демократската конвенција биле поактивни на социјалните мрежи. Според авторите на истражувањето, 23.400 твитови биле испраќани секоја минута во текот на говорот на Клинтон. Вкупно за време на преносот од завршниот ден на конвенцијата 583.000 корисници постирале за настаните во арената „Велс Фарго“ во Филаделфија, со вкупно 2,8 пораки.

Истовремено, оние што го следеле обраќањето на Трамп за време на неговиот говор во минута поставиле само околу 16.000 твитови. Вкупно во текот на завршниот ден од републиканската конвенција во Кливленд, биле објавени два милиона објави на „Twitter“.

OhridNews
извор: „Макфакс“