Книгата со рецепти на популарниот британски готвач Џејми Оливер трета година по ред е прва на божиќната листа бестселери во Велика Британија, но апсолутен рекордер на годината, сепак, останува еротскиот роман „Педесет нијанси сиво“.
Неговата книга со рецепти „Јадења за 15 минути“ само во изминатава седмица била продадена во речиси 118 илјади примероци. Оливер во 2010 година се нашол на првото место со книгата „Јадења за 30 минути“, а минатата година со книгата британски рецепти.