Познатиот телевизиски готвач Џејми Оливер пронашол богатство вредно 1,3 милиони евра во подрумот на новиот ресторан, кој се спрема да го отвори овие денови во Манчестер. Работниците ангажирани на обновувањето на темелите на зградата во која наскоро ќе биде сместен новиот ресторан, пронашле стотина мали сефови. Некои од челичните кутии откриени во подрумот кој некогаш и припаѓал на една банка, потекнувале уште од 1935 година.

Содржината на сефовите била запленета од претставници на Англиската банка поради неможноста да се идентификуваат нивните сопственици. Станува збор воглавно за накит, злато, но и разни други предмети. На Оливер нема да му припадне ниту дел од ова богатство кое било предадено на британскиот трезор.