Британските готвачи-аматери оваа година полесно ќе го пребродат Божик, благодарејќи на едно британско здружение кое воспоставило телефонска линија на која ќе можат да бараат помош од професионални готвачи. На телефон се до 17 часот на Бадник, ќе се јавуваат осум професионални готвачи и ќе делат совети како да се одмрзне, испече или исече биожиќната птица.


Портпаролот изјавил дека луѓето кои по прв пат печат мисирки немаат поим како треба да ја спроведат постапката и многу често или ја препекуваат или ја оставаат недопечена.