Газење со нозе лук не е баш најдобар начин за подготвување храна.

Секретаријатот за здравје од округот Рокленд во САД го фатил персоналот на голем кинески ресторан како прави прекршок откако анонимен гостин сликал еден вработен како со чизми гази во сад во кој имало лук.

Гостинот за ова ги известил санитарните инспектори.

„Случајно влегов и видов како тој човек го гази лукот“ изјавил Ден Барето, кој бил чест гостин во тој ресторан. „Тој скокаше врз лукот, го гмечеше и супер се забавуваше“ додал Барето.

Секретаријатот за здравство не смета дека чевли или чизми се соодветно средство за подготвување храна, изјавил санитарниот инспектор Џон Стоктон. „Тоа е нов пристап во пдготвувањето храна“ додал иронично.

Ј.М.