Готвач во еден ресторан во Хонг Конг, специјализиран за јадења од тестенини, ја претепал гостинката која се осудила да приговара за квалитетот на неговата храна.
Жена (47) била нападната откако се пожалила на храната која и ја сервирале во ресторанот. Кога ја слушнал забелешка, главниот готвач (50) излетал од кујната и започнал да ја удира жената по главата со тапиот дел од секирата за месо. Го совладале гостите во ресторанот.
Готвачот е уапсен, а жената била однесена во болница и се наоѓа во стабилна состојба.