Монографијата во која ќе бидат поместени интересни факти за црквата и историјата на Охрид ќе биде испечатена во 200 примероци, а ќе ја финансира локалната самоуправа.
Дваесетото издание на оваа престижна поетска манифестација годинава ќе се одржи во новиот Дом на култура во с. Велестово. Културниот дом во Велестово ќе работи 365 дена во годината и ќе биде собиралиште на уметниците кои тука ќе имаат свое катче каде ќе можат да творат, велат организаторите на манифестацијата. Изградбата на Домот на културата во Велестово со 7 милиони денари ја финансира локалната самоуправа. Во него покрај ателјеа и други културни содржини ќе има и 6 апартмани во кои ќе бидат сместени учесниците на манифестацијата.