Поранешниот светски вицешампион во бодибилдер категоријата, Гоце Мојсоски стана заштитно лице на спортскиот бренд „Phisiq Aparel“ во Америка.
Мојсоски, кој моментално се наоѓа во Америка ја одржува формата, а брендот „Phisiq Aparel“ го препозна неговиот квалитет.
– Многу лесно договоривме соработката со спортскиот бренд кој нуди се и сешто за спортот. Планирам, кога ќе се вратам брендот да го промовирам и во Македонија, но за тоа потоа. – изјави кратко Мојсоски.
Охриѓанецот во 2013 година на светскиот собир во Словенија го освои сребрениот медал, а година претходно се закити со бронзенето одличје.
OhridNews