Охриѓанецот Гоце Мојсоски повторно се закити со епитетот шампион на Македонија, откако на националното првенство, кое се одржа во Битола победи во средна категорија до 80 килограми.

Мојсоски кој напорно се подготвуваше со триумфот ја потврди својата класа во боди болдингот и обезбеди билет за Европското првенство во Шпанија, кое ќе се одржи на почетокот од следниот месец.

Успешен дебитански настап на боди билдинг и фитнес сцената имаше Матеја Ефремовска. Кумановчанката која настапи под името на охридскиот фитнес центар „Фит Форм“ го освои сребренето одличје во „велнес“ категорија.

Охриѓанецот Петар Стојаноски кој настапи во класична бодибилдинг категорија заврши на третото место, а апсолутен победник на Државното првенство беше Борче Стојаноски од Битола.

OhridNews