Гоце Георгиески е реизбран за претседател на Општинската организација на „Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца“, во рамки на Изборното собрание кое се одржа денеска.

За потпретседател на сојузот е избран Никола Стефаноски, а за секретар е назначена Снежана Лазароска. Освен претседателството, собранието избра и нов Општински и Надзорен одбор.

Во рамки на собранието бил направен осврт на работа на организацијата за изминатиот мандатен период, во кој биле промовирани суштинските принципи во негувањето на слободарските традиции; во ревитализацијата на СБМ и изнаоѓање на други форми на дејствување.

OhridNews