Првата руска вакцина против коронавирусот, направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, е подготвена, соопшти денеска рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов, пренесува весникот “Независен”.
Тој рече дека експертите и научниците од Националниот центар за истражување ги извршиле последните проверки и тестирања, дека сите доброволни приматели на новата вакцина развиле имунолошки одговор на коронавирусот и оти се чувствуваат добро, го цитира изворот весникот.
OhridNews
Извор: “Независен”