Охридските ракометари во шестата рунда од Супер лигата ќе се сретнат со Текстилец. Штипјани пред две сезони во последната рунда гостуваа во Охрид, а не го паметот по добро бидејќи постигнаа само 12 голови во целиот натпревар и претрпеа пораз 20-12.
Шоу на охридскиот гол имаше тандемот Кирил Пецаков – Ристе Китевски кои искомбинираа 25 одбрани и беа нерешлива енигма за штипскиот напад. Пецаков, која имаше и неколку одбранети седмерци и зицери се присети на тој меч и рече – Да, сеќавам тогаш Текстилец во Охрид допатува како првак во Првата машка ракометна лига. Ние во тој меч, кој беше последен за нас пред охридската публика го одигравме маестрално и заслужено го совладавме новиот суперлигаш.
Повредата на ногата е минато за охридската единаца, која сезонава само еднаш застана меѓу стативите и тоа во првото коло со Преспа.
– Конечно се враќам. Оваа недела тренинзите ги одработив со полн интензитет и повредата на ногата е минато. На мечот в сабота против Текстилец стрпливо ќе ја чекам шансата од клупата – заврши Пецаков.
Мх.П.