Ракометарите на Охрид во шестата рунда од Супер лигата нови бодови ќе бркаат на гостувањето во Велес кај составот на Борец.
Охриѓани имаат позитивен учинок од две победи и пораз на гостински терен сезонава, а без најдобриот ракометар Мите Караиванов ќе атакуваат на трета победа која ќе ги зацврсти во горниот дел од табелата.
Тимот на Борец кој е новајлија сезонава во Супер лигата со скор од две победи и три порази се наоѓа на средината од суперлигашката конкуренција.
Натпреварот меѓу Борец и Охрид во 18 часот љубителите на ракометот и спортот можат да го проследат во живо на официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија.
Гостувањето на Охрид во Велес во живо на РФМ
Мх.П.