Вечерва на Охридксо  лето гостува Турскиот театар од Скопје со претставата “ Сијах калем” на Илхами Емин и Јордан Плевнеш. Режисер на претставата е Владо Цветановски.


Станува збор за прва пиеса напишана за мистеријата за турскиот сликар од 15 век, Сијах Калем. Писателот Емин вели дека оствариле идеја која обединува.

– Тоа обединување во последно време ни недостасува. Сијах Калем е една од најпровокативните теми во историјата на уметноста. Низ приказната се крие сиот вриеж на животот. Мистеријата на Сијах Кале ќе се обидеме да ја пренесеме и да ги освоиме со неа и оние простори кои тој не ги освоил – вели Емин.

Писателот Плевнеш потенцира дека претставата е круна на естетиката на режисерот Цветановски. – Ова е чудотворна претстава, бликаат многу енергии од неа. -вели Плевнеш.

Режисерот Цветановски рече дека концептот за претставата го добил кога присуствувал на разговорите што ги воделе Емин и Плевнеш. – Додека тие разговараа, јас постојано бев на средина, слушав различни приказни. Така и публиката во театарот ќе биде во средиштето на настаните. Нема да се знае која слика од која страна ќе удри – рече Цветановски.

Ohridnews