Градскиот театар од Истанбул, најголемиот и најмоќниот театар во Турција ги има собрано најголемите театарски творци кои ја создаваат историјата на театарот и кои ги допираат најгорливите теми.
Нурула Тунџар е режисер, сценограф, професор и интелектуалец кој во текстот на Озен Јула, еден од најголемите поети и современи автори во Турција, ја зема темата „Место во средината на земјата“, темата на љубовта и преку неговото поетско дело влегува во разоткривање во човечките тајни и слабости, преку театарски јазик да ги допре и промовира своите космополитски идеи. Нурула е алтруист и човек кој ги поврзува уметниците од целиот свет, секогаш спремен со својата мирнотија да ја разбие секоја клетка на конзервативните уметнчки и политички тенденции ширејќи ја идејата на промовирање на новото и различното.
Во претставата провејуваат различни јазици, арапски, англиски, турси, македонски, француски и други кои преку монолозите на фантастичните и емотивни актери, негувајќи го од една страна европскиот наративен принцип, а од друга страна користејќи ги турските традиционални елементи на изразување ни нудат високо естетизирана и визуелно совршена современа античка драма. Она што е карактеристично за Нурула е токму визуелниот момент во секоја негова претстава и прекрасната игра со светлото кое не пренесува од сонот во јавето и не носи во светот на нестварното.
Претставата ќе започне во 21 часот во Центарот за култура.