Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои пет „тешка кражба“ и четири „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20- годишно лице од Гостивар.
– Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на минатиот месец во повеќе куќи, станови, од патничко моторно возило но и од плажи на струшкото крајбрежје при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 800.000 денари. Пријавениот користејќи подесен алат и физичка сила и со обивање на врати насилно влегувал во куќите. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста, одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, облека и други вредни предмети. По плажите најчесто одземал мобилни телефони но и други предмети додека во патничко моторно возило влегол со кршење на лептир стаклото од задната врата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Работејќи на реализација на тешките кражби, полициската станица од Струга оформи предмет со прецизни оперативни информации по што лицето е пронајдено и приведено. По добиена наредба од Основниот суд во Струга бил извршен претрес во хотелска соба во Струга каде пријавениот бил сместен и се пронајдени дел од бесправно одземените предмети.
OhridNews