Туристите во Охрид ќе имаат квалитетна здравствена заштита.  Домашните гости кои  летниот период го минуваат во градот ќе добијат навремена и брза здравствена заштита, а хронично болните освен што ќе може да ги користат здравствените услуги, во аптеките ќе може да го набават лекот кој им е препишан од страна на нивните матични лекари, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување , Сашо Стефаноски, кој денес заедно со директорот Орхан Рамадани ја посетија подрачната служба во Охрид.

Странски гости, доколку имаат некаков здравствен проблем,  преку Фондот за здравство ќе можат  лесно да го остварат правото на здравствена заштита со едноставно пријавување во фондот и подигнување на двојазичниот образец ако се од земја со која имаме билатерален договор за здравствена заштита или да појдат во здравствена установа и ја добијат негата која им е потребна. Назначивме и лице за комуникација со странските туристи кое  ќе зборува јазик од соседните земји како и англиски јазик, рече Стефаноски.

Тој напомена дека големо внимание се посветува и на снабденоста на аптеките во градот со лекови.

Фондот има склучено договор со 27 аптеки кои имаат квоти, при што на најголем дел од нив  им е зголемена  квотата со последната дистрибуција на лекови. Во текот на денот ќе ја посетиме и аптеката во Пештани која е многу значајна во летниот период, рече Стефаноски.

Посетата на директорите на ФЗОМ во подрачната единица во Охрид е во рамки на проектот „ Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“ , при што директорите заедно со дел од стручниот тим на Фондот за здравство ги посетуваат подрачните служби,  разговараќји со вработените и осигуренците со цел да се детектираат и отстранат евентуалните проблеми .

Т.К.