Покрај на нерешената инфраструктура, најмногу реакции има на чекачите на туристи и нељубезните таксисти.Тоа мора да се промени вели читател на Ohridnews, кој добронамерно укажува на недостатоците на автобуската станица.
И покрај тоа што ваквата, како што наведува и читателот грда слика, се провлекува со години, сеуште нема конкретна иницијатива за решавање на овој горлив проблем. Приватните станоиздавачи неретко ги „дезинформираат“ туристите нудејќи им ја периферијата како центар, а дел од таксистите одбиваат да возат на кратки релации или бараат нереални цени за услугата.
На просторот кај автобуската станица треба да се гради модерен деловен комплекс за кој и покрај најавите сеуште не е распишан тендер.