На вториот ден од меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2013“ на три натпревари мрежите се тресеа дури 24 пати, а во сите меча триумфираа “гостите“.

Најефикасен натпревар со 11 погодоци одиграа Дејан Војвода и Кармен Бау Центар. На победата на крајот од мечот се радуваа “гостите“ со резултат 7-4.

Резултати :

Дејан Војвода – Кармен Бау Центар 4-7
КУД Охриѓанка – АСП Пак 1-7
Сам Свој Мајстор – Гуја 2-3

Денес играат :

19:00ч Гобекс – Башукоски
20:00ч Ресторан Спутник – Вилинец
21:00ч Бижутерија Ин – Леарница
22:00ч Кадмо  – Лакочереј

Мх.П.