Екипите на Охрид и Кораб ги поделија бодовите, ремизирајќи 1-1 (1-0), во локалната дерби пресметка од 21-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.
„Рибарите“ со ремито на домашен терен направија чекор назад во битката за втората позиција, која води во баражот за влез во Првата лига. Охридските фудбалери доминираа од почетокот од крајот на натпреварот, но гостинскиот голман Валон Незири имаше фантастичен натпревар го спаси својот тим од пораз.
Почетокот на мечот им припадна на охриѓани. Шериф Реџепи во два наврати се закани, но два пати на место беше Незири. Следуваше нова шанса за Охрид. Во „гол прилика“ се најде Александар Целески, но неговиот удар заврши над голот. Гостите се заканија преку Аздрен Мена, кој од непосредна близина биеше покрај голот.
Отпорот на гостите во првиот дел Охрид го скрши пред крајот на полувремето. Бурхан Алији од втор обид го совлада голманот на Кораб, откако првиот од слободен удар заврши во ѕидот.
Охриѓани комплетно ја контролираа играта и во второто полувреме, но една грешка на својата половина ги чинеше погодок. Зеќири Рихан погоди на поблиската статива на Никола Симоновски, кој не можеше да го скроти ударот.
„Рибарите“ фрлија се на една карта-нападот. Шансите се редеа пред голот на Незири, но од минута во минута се подобро и подобро бранеше. Незири прво го одбрани „очи в очи“ ударот на Реџепи, а потоа ги одбрани обидите на Един Мерсовски и Мазари.
Во финишот Охрид нападна уште пожестоко, но Кораб со добра игра во одбрана не дозволи погодок и домашна радост.
За „рибарите“ ова е прво реми на домашен терен сезонава, додека Кораб го освои вториот бод во пролетнава полусезона.
Во следната рунда, Охрид дома го пречекува кичевски Велазерими.
OhridNews