Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона со натпревари на гостински терен ќе ја започнат новата сезона во шпанската Примера дивизија. „Кралевите“ гостуваат во Виго кај Селта, додека каталонците силите ќе ги одмерат со Атлетик Билбао.

Првото издание на „Ел класико“ дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на Ноу Камп на 27 октовмри во рамките од 10-та рунда, додека реваншот е на 1 март следната година.

Првенството во Шпанија започнува на 18 август, а завршува на 24 мај.

Двојки 1.рунда:

Селта – Реал Мадрид

Мајорка – Еибар

Атлетико Мадрид – Гетафе

Еспањол – Севиља

Алавес – Леванте

Валенсија – Реал Сосиедад

Бетис – Ваљадолид

Леганес – Осасуна

Атлетик Билбао – Барселона

Виљареал – Гранада

OhridNews