Фудбалерите на Охрид одиграа реми без голови на гости кај Гостивар во можеби клучниот натпревар во битката за опстанок во Втората лига Запад. Истовремено директниот конкурент Кораб ремизираше 3:3 во Тетово во дуелот со Тетекс, со што разликата помеѓу Охрид (7) и екипата од Дебар (8), пред одигрувањето на последното коло останува еден бод.
Воска Спорт рутински со 3:0 ја совлада Беса дома, но и натаму ќе стрепи за баражот за пласман во Прва лига, бидејќи Вардар го доби Силекс 1:0 и разликата помеѓу екипите кои се борат за второто место останува 3 бода.
Во последниот натпревар денеска Кадино и Велешта одиграа нерешено 1:1.
Во последното коло кое на програмата е на 14 мај, Охрид дома го пречекува Тетекс, а Кораб дома го пречекува Вардар. Воска спорт му гостува на новиот прволигаш Силекс, Велешта игра со Гостивар, а Беса со Кадино.
OhridNews