Значајни бодови во борбата за опстанок освои Воска Спорт со гостинска победа над директниот ривал во долниот дел на табелата Македонија Ѓорче Петров.

Шкендија е најголем добитник во 30. коло на Прва македонска фудбалска лига. Тетовци ги искористија денешните киксови на Струга ТЛ и на Шкупи и се искачија на првата позиција на три кола пред крајот на домашното првенство.

Резултати на денешните натпревари од 30.коло во ПМФЛ:

Брегалница – Вардар 0:3

Гостивар – Шкупи 2:0

Македонија ЃП – Воска Спорт 0.2

Шкендија – АП Брера 3:2

Силекс – Работнички 0:1

Тиквеш – Струга Трим Лум 3:2.

Табела: Шкендија 58 бодови, Струга ТЛ 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, АП Брера 37, Воска Спорт 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.

OhridNews