Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Прешево-Србија поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “кражба“.

На 27.06.2018 година во центарот на Охрид во хостел, пријавениот, во соба во која престојувал заедно со 37-годишно лице од  Јапонија, од истиот одзел мобилен телефон, лап топ, часовник и Ајпод по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

По преземени мерки, на 01.07.2018 година во Скопје, пријавениот бил лишен од слобода, при што кај истиот биле пронајдени дел од предметите, кои потоа му биле вратени на оштетениот.

OhridNews