Во јануари пред единаесет години, започна успешната приказната на Гостилницата „Мече“ во охридската населба „Коњско“ на познатиот угостител Горан Петрески – Мече. Низ годините „Мече“ прерасна во реномиран угостителски бренд, каде со задоволство свратуваат гурманите од сите меридијани.
Во „Мече“ се доаѓа со намера, да се проба добра храна во убав амбиент со квалитетна услуга. Затоа тука ретко кој доаѓа еднаш, едноставно магијата на „Мече“ ве влече да свратите повторно и повторно. И така веќе единаесет години.
Горан Петрески – Мече, гостилницата „Мече“ ја отвора во 2013 година. Почнува сам со уште двајца вработени. Денес гостилницата има дваесеттина вработени и работи успешно.
Низ годините гостилницата „Мече“, растеше и се менуваше, но некои работи останаа константа, гостопримството и квалитетна храна по пристапни цени, комбинација која ретко се наоѓа, а по што овој угостителски објект е надалеку познат.
Г.М.
Фото: Охридњуз