На денешен ден во 2013-та започна успешната приказната на Гостилницата  „Кај Мече“ во охридската населба „Коњско“. Дванаесет години подоцна гостилницата на познатиот угостител Горан Петрески – Мече, израсна во препознатлив угостителски бренд, каде со задоволство свратуваат гурманите од сите меридијани.

Кај „Мече“ се доаѓа да се ужива во добра храна, да се пробаат вкусни специјалитети во убав амбиент со квалитетна услуга. Кој дошол еднаш, се враќа пак. И така веќе 12 години Гостилница „Кај Мече“ е омилена дестинација на сладокусците.

Низ годините Гостилницата „Кај Мече“, растеше и се менуваше, но некои работи останаа непроменети, гостопримството и квалитетна храна по пристапни цени, комбинација која ретко каде се наоѓа, а по што овој угостителски објект е надалеку познат.

Г.М.