Холивудскиот заводник Џорџ Клуни се ожени вчера во Венеција, а ден по венчавката уживаше со сопругата во магијата на Венеција. Младенците со насмевки на лицето, не ја криеа среќата откако стапнаа на „лудиот камен“.

Одлично расположениот актер носел светло сиво одело, а Амал блескала во бел, чипкаст фустан украсен со цветчиња. Џорџ Клуни и Амал Аламудин во саботата во Венеција имале приватна свадба, далеку од очите на јавноста, а во неделата наутро излегле од хотелот и прв пат прошетале како маж и жена.