Филмот “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival. Петрунија ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15,000 евра.

Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда.

Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата. – истакна тричленото жири.

Теона С. Митевска за да и биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири. “Господ постои, името и’ е Петрунија” на 10 Април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 Април беше целосно распродадена.

Во месец Април “Господ постои, името и’ е Петрунија” ќе биде прикажан а шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина.

Паралелно филмот со успех се прикажува и низ Македонија.

OhridNews