Македонскиот боксер Горјан Славески е нов светски шампион во борби без ракавици БКФЦ – велтер категорија. Тој ноќеска во Мајами го победи Американецот Џејк Линдзи со едногласна одлука (3:0) на судиите.

Славевски досега во кариерата има шест победи од исто толку борби во ова натпреварување.

Американецот го претрпе првиот пораз во својата петта борба во бокс без ракавици.

OhridNews
Фото: Фејсбук