(реакција на писмото на Сашо.А)
“Нов Македонец како тоа гордо звучи”
Го почитувам туѓото мислење ,но не го прифаќам а уште помалку го оправдувам конкретно изнесеното.Да може да зборува Македонија ќе ни рече: “ Се срамам од вас” или уште подобро ќе ни плукне в лице.
Во историските преданија стои дека кога луѓето барале подобри услови за живот знаете ли кон што се ориентирале? Кон сонцето ,водата и воздухот,во колкава мера биле застапени на одредена територија зошто тие се живот,напредок,иднина. Таму кај што ќе ги најделе таму и останувале. Затоа сме ние на ова парче земја под ова сино небо крај божественото езеро. Земјата изобилува со условите, потфрлил факторот човек..
Ве молам не ја обвинувајте земјата заради нашите немоќи.Неколку работи гледано од мој агол сакам да соопштам не само на господинот ,(кој мора да се признае си презел голема одговорност со тоа писмо) ,воедно јасно е дека застапува и други.
Но греши не зборува во името на за леб гладните,ниту на оние со празни стомаци и скинати паричници.
Тој зборува во името на оние кои клечат и ги бришат,корнат,покриваат ознаките МК на своите автомобили на пат кон морето,Во името на оние кои имаат бизнис релации остварени со грчки газди,зборува со устата на оние кои своите бренд колекции ги купуваат во блиската ни европска Грција со речникот на оние кои новогодишните празници ги празнуваат на еленските плоштади или хотели. Зборува во името на оние кои локалитетот Стоби или Хераклеја ќе го нарекуваат новомакедонски археолошки ископини.(снајдете се )
Нашиот идентитет тоа е нашето ЈАС без него не нема како поединци или како народ.Што ќе бидам ако не ова што сум .Може ли да се биде по дедо македонец,по татко новомакедонец,по баба македонка по мајка северномакедонка?Погледајте наоколу .Кој народ во име на подобро утре ги сече корените? Јас не знам ниту еден можеби знаете вие.? Братски го чувствувам народот на Грција ние немаме никакви проблеми со почитувањето и толеранцијата кон сите ..Јас нив не ги разбирам, тие заработуваат многу од нас преку Окта,Космофон,Стопанска банка ,Веро нашите туристички излети на југ Зошто се прашувам оние газди на текстил фабрики не упатат писмо до своите власти за да се најде компромис?. (прифаќам државно уредување да стои пред името тоа не менува идентитет ).
И се прашувам и си одговарам Затоа што знаат дека ќе си го свиткаме вратот и во името на”светлата иднина” ќе прифатиме се и сешто.Ова ме потсети на она кога свекрвата од својата снаа не е викана мамо ,истата бива сватена и бранета пред други со зборовите”нека ме вика и грне само да не ме крши”.Линијата на помал отпор се вткала во нас.Да се разбереме не сум да се напаѓаат амбасади,полицајци автомобили.На достоинствен начин се постигнуваат подобри резултати .Само за пример што ако никој не замине на одмор во Грција (мислам македонец)Што ако на оние кои користат транзит кон Елада им наплатуваме многу повеќе за да ги користат нашите патишта .Што ако купуваме во наши маркети , вакви културни примери има многу,многу,многу.Ќе завршам со прашање Што е потребно за да започнете бизнис ?
капитал.
Без капитал нема посветла иднина.Кога го умножувате напредокот ви е гарантиран.За сите кои се без капитал постои кредит.Но тоа не се твои пари ќе мора да ги вратиш многу повеќе од што си позајмил .Капиталот нам ни го оставиле нашите предци од нашата способност зависи дали ќе има за нашите деца.Секако не мислам на пари мислам на нашата историја, култура ,традиција НЕПРОЦЕНЛИВИОТ КАПИТАЛ НА ИДЕНТИТЕТОТ.
Грниња вие земајте кредит!
Ирена Чкареска
[email protected]
линк кон писмото на Сашо А. http://www.ohridnews.com/index.php?mod=23&kat=24&id=3934
Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА се ставови на авторите и редакцијата на ohridnews.com не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.
Од редакцијата.