Од ноќеска на полноќ горивата во Македонија ќе се продаваат по нови, повисоки цени. Бензините поскапуваат за два, а дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер- 95 ќе чини 61 денар за литар, Еуросупер-98 ќе се продава за 62, а МБ-96 за 64 денари за литар. Новата цена на Еуродизелот изнесува 47 денари за литар, а Екстра лесното гориво за домаќинство, ќе се продава по цена од 36 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот М-2, кој сега ќе се продава за 23,6 денари за килограм.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на горивата се наведува растот на цената на суровата нафта на светскиот пазар.