Еден тим шкотски научници открил формула за добивање биогориво од виски. Ги користеле само нуспроизводите од процесот на дестилација. Користејќи ги остатоците на течноста од резервоарите и остатоците на житото, направиле алкохол бутанол, кој може да го движи возилото исто како и етанолот.


Научниците на чело со професорот Мартин Тангнеји тврдат дека бутанолот произведува 25 проценти повеќе енергија од етанолот. Може да се користи во било кој мотор со погон на нафтени деривати.