Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година, велат денес од Регулаторната комисија за енергетика.
Со оваа одлука малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 68,00 ден/лит, додаваат од РКЕ.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,010 ден/кг.
OhridNews