Цената на горивата од вечерва на полноќ ќе се зголеми за 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на МБ-96 изнесува 70,0 денари за литар, на БМБ-91 – 66,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР – 95 ќе чини 67,0 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР – 98, 68,0 денари за литар.
ДИЗЕЛ-Е III ќе чини 60,0 денари за литар, а екстра лесното ќе се зголеми за 3,00 ден за литар, односно од 46,5 на 49,5 денари за литар.
Се зголемуваат и малопродажните цени мазутот.
Малопродажната цена на горивата втор пат осетно се зголемува , откако пред 14 дена тие поскапеа за два денари.
ohridnews