ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 62 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 49,50 денари за литар.
За половина денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава за 38,50 денари за литар.
За толку се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 28,727 денари за килограм.