Бензините и на дизел горивото од ноќеска на полноќ се продаваат по цени пониски за половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Моторниот бензин МБ-96 од 69 се намалува на 68,50 денари за литар, БМБ-91 наместо 65,50 ќе чини 65 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР -95 од 66 се намалува на 65,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР-98 од 67 на 66,50 денари за литар. Дизел горивото ДИЗЕЛ-Е (ИИИ) наместо 60 ќе чини 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното гориво (ЕЛ) се намалува за еден денар за литар и ќе изнесува 48,50 денари за литар.
ohridnews