Во пресрет на главната туристичка сезона, Општина Охрид и екипите на општинските јавни претпријатија деновиве интензивно спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите, на кои во текот на претходниот период се отстрануваа бесправно изградните објекти.

Извршено е посипување со автохтон песок на неколку локации. Се спроведоа активности за чистење на дивата вегетација. Во моментот се врши засадување на нови садници на дрвја, се поставуваат нови контејнери, канти за отпад и се поставуваат времени тоалети. – информира локалната самопуправа

Плажата Горица 3 сега станува „Градска плажа Горица 3“, која ќе биде слободна за користење од страна на граѓаните.

Во текот на наредниот период на плажите кои се уредуваат, ќе бидат поставени клупи за седење, монтажни соблекувални и ќе бидат инсталирани фонтани за вода, најави локалната самоуправа.

Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите. – стои во соопштението.

OhridNews