Пожар избувна попладнево во Дебело поле, во близина на Лакочереј. Според првичните информации гори трска. Чадот кој се издига над Охрид, се гледа од Езеро.
На терен е испратено возило со три пожарникари, а во зависност од ситуацијата ќе се реагира соодветно, информираат од ТППЕ Охрид.
Пожарите во овој реон од градот се редовна појава во овој дел од годината, а главна причина е човечкиот фактор.
Г.М.