Голем шумски пожар избувна попладнево помеѓу селата Оздолени и Сошани во Општина Дебрца.

Гори шума на непристапен терен, информираат од ТППЕ Охрид.

На терен се екипи на професионалната противпожарна единица Охрид и вработени во ЈП Македонски шуми под чија надлежност е оваа територија.

Според ТППЕ Охрид, причина за пожарот е човечки фактор.

ТППЕ Охрид , бара итно да се пронајдат сторителите на овие намерни потпалувања, и согласно закон да се санкционираат.

Г.М.