Пожарникарите се борат со голем оган во центарот на Стокхолм од вчера попладнето, кога се запали четвртиот кат на зградата од Кралскиот институт за уметност. Пожарот почнал во 16 часот попладне во средата кога се запалиле канти за смет и картонски кутии на четвртиот кат. Првиот дел од пожарот бил изгаснат, но ситуацијата се влошила кога огнот се проширил кон поткровјето.
Во 20.30 часот, луѓето од околните згради биле предупредени да останат внатре и да ги затворат прозорците затоа што од запалената зграда се ширел густ, црн чад, а полицијата го опколила островот. Околу 40 пожарникари се борат со пожарот и денес. „Сѐ уште има делови од зградата кои горат и одиме чекор по чекор“, вели Милс Инге Карлсон од центарот за итни случаи.
Пожарникарите велат дека нема ризик да се прошири на другите згради, но материјалната штета ќе биде голема.
Во текот на ноќта пожарникарите направија дупка во покривот за да излегува чадот и да се намали топлината од поткровјето. Очекуваат да работат цел ден, а резултати очекуваат попладне.
OhridNews
извор Макфакс