Нема крај на проблемите со пожарите во охридскиот регион. Од пладне во пламен е и депонијата Буково од каде се издига густ чад.
Во телефонски разговор директорот на ЈП “Охридски Комуналец” Саше Најдески посочи дека пожарот е подметнат.
Вработен во јавното претпријатие ангажиран за истурање земја забележал непознат човек како се оддалечува од местото каде избувнал пожарот во правец на блиската шума, рече Најдески.
Случајот е пријавен во полиција и се трага по сторителот.
На местото на пожарот упатени се екипи на на Противпожарната единица од Охрид и јавното препријатие. Освен што се гаси, жариштето се покрива и со земја.
Г.М.