Нема крај на проблемите со пожарите во охридскиот регион. Од пладне во пламен е и депонијата Буково од каде се издига густ чад.

Во телефонски разговор директорот на ЈП “Охридски Комуналец” Саше Најдески посочи дека пожарот е подметнат.

Вработен во јавното претпријатие ангажиран за истурање земја забележал непознат човек како се оддалечува од местото каде избувнал пожарот во правец на  блиската шума, рече Најдески.

Случајот е пријавен во полиција и се трага по сторителот.

На местото на пожарот упатени се екипи на на Противпожарната единица од Охрид и јавното препријатие. Освен што се гаси, жариштето се покрива и со земја.

Г.М.