Македонската репрезентација за фудбалери под 19 години претпре пораз од 2-1 од соодветната селекција на Белорусија во вториот пријателски дуел одигран во Струга.

Белорусија поведе со голот на Валнетс во 15м, но Македонија израмни во 50-тата преку Теодор Фидановски. И додека траеше радоста на нашите играчи, Валнет со својот втор гол во 51м обезбеди победа за противникот од 2-1.

Натпреварот во Струга го следеше и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој се интересираше за активностите и потенцијалот на селекцијата до 17г.