Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиески ја посети куќата на фудбалот во Ниом, каде оствари средба со претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
Тој остварил и средба со високи преставници на УЕФА за развојните програми, како што се спортската и инфраструктурната помош позната како „хет-трик“ програма.
„Ова е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Врв е да се сретнете со претседателот на УЕФА. Цел на посетата беше да се воспостават контактите со УЕФА и да се запознае структурата на УЕФА. Помошта од УЕФА е многу важна, затоа што фудбалската структура во нашата земја е во развој. УЕФА помага да се зајакне таа структура и јас сум посветен за воспоставување на многу активности од ’грасрут’ на професионално ниво. Развојот на младинскиот макеоднски фудбал, прогресот на националниот тим и подигнувањето на стандардите на националната лига и клубовите се наша цел во иднина“, рече Ѓорѓиоски за интернет-сајтот на УЕФА.
Ѓорѓиоски е поранешен фудбалер и тренер. Тој во својата кариера играше за екипите на Македониј ЃП, Вардар, Малме, Локомотив Софија. Како тренер два пати го освои домашниот шампионат и тоа во 2009 година со Македонија ШП, и во 2011 со Вардар.
– Секако, моја желба е мојата земја да се пласира на Евро или на Светско првенство. Тоа нема да биде врв во фудбалот, туку врвно достигнување за целата земја. Знам дека тоа не може да се случи прекуноќ и треба да работиме искрено и систематски за да изградиме цела структура за да дојдат резултатите во следните години- истакнал Ѓорѓиоски.
Ова е прва официјална посета на Ѓорѓиоски во УЕФА откако во јули годинава дојде на чело на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Фудбалерите на Охрид утре играат контролен натпревар со екипата на Пелистер Натпреварот е во рамки на подготовките за вториот дел од сезоната Натпревар ќе се одигра со почеток во 12 часот на стади...
Претстојниот викенд, во недела, кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Ангели од Скопје во рамки на 13-то коло од Втората кошаркарска лига Ве повикуваме сите во сала, да би...
Македонската традиционална таеквон-до федeрација (МТТФ) на 31 јануари, петок, во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” во Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, црн појас ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.